Член на клубот?
| English |

Во одлична и весела атмосфера и прекрасни временски прилики, на планината со таинствена убавина-Липац, на денот на христијанскиот празник „Цветници“, се одржа семинарот насловен како Фукија Џутсу. 
Членовите на нашата нинџутсу школа имаа можност да се запознат со историјата, филозофијата и примената на ова древно и ефикасно оружје.

За повеќе информации одете на „Семинари“.


Ве известуваме дека на 1 април, 2007 година, Буџинкан Македонија ќе организира семинар во природа на тема Фукија Џутсу (вештина на користење цевки за издувување стрелки).
Семинарот е од затворен тип односно на него ќе можат да учествуваат само членовите на нашата организација.
Повеќе информации за семинарот можете да најдете во рубриката „Семинари“.


Нашето доџо Пат кон Сонцето и нашата организација Буџинкан Македонија доби принова. Имено, нашиот член Томо Томовски (од лево) стана татко на прекрасно мало девојченце. Женските нинџа воини во Јапонија се нарекувале куноичи и ние искрено се надеваме дека малата куноичи ќе го наследи татко си.
Му честитаме од се срце.


После долго и тешко боледување почина една од највлијателните личности во Буџинкан Доџо, Бони Малстром.
Таа ќе остане запаметена како првата жена од Америка која го положила Годан (5 Дан) тестот и како организатор на три интернационални Таи Каи собири. Како сопруга на Бад Малстром (15 Дан), таа се грижеше за обуката на женските членови во нивното доџо во Атланта.
Повеќе информации на:
http://www.bujinkanatl.com/about-bonnie.html
или пратете сочуство на:
http://www.bonniemalmstrom.com/

Нека и е вечна слава!


Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето и Буџинкан Македонија ви најавуваат:
Меѓународен нинџутсу семинар на тема „Кукишинден Рју“ со унгарскиот мајстор Дејвид Холт шидоши 7 Дан.

Време: 21 и 22 април, 2007 год

Распоред:
СаботаНедела
10.00 до 13.00 тренинг10.00 до 13.00 тренинг
13.00 до 15.00 ручек-одмор13.00 до 15.00 ручек-одмор
15.00 до 18.00 тренинг15.00 до 18.00 тренинг

Место: доџо Пат кон Сонцето - Скопје - Македонија

Опрема: Ханбо, Бокен, Танто (само дрвени оружја се дозволени)

Цена: 50 евра семинарска такса, уплата до 10 април, потоа 60 евра


Ги повикуваме сите заинтересирани кои сакаат да отворат секција во состав на Буџинкан Македонија во својот град или село, да не контактираат, бидејќи ние сакаме да ја рашириме нашата вештина на територијата на целата држава. За повеќе информации, пишете ни на нашиот е-маил.


Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето ќе врши упис на нови членови во текот на месецот јануари. Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија на нашиот е-маил: daito_macedonia@yahoo.com, по што ќе бидат контактирани во најскоро време.


Драги боречки пријатели, добредојдовте на нашата нова веб-страница.
Најпрвин да ве информираме дека нашата стара веб адреса:
http://bujinkan-macedonia.tripod.com, нема повеќе да биде во функција и дека отсега ова ќе биде местото каде што ќе можете да бидете во тек со работата на нашата школа за боречки вештини. Исто така, ве замолуваме да бидете потрпеливи и редовно да ја посетувате оваа веб-страница од едноставна причина што во наредниве недели постојано ќе се работи на нејзиното дообликување.
Истовремено, ви се извинуваме поради доцнењето на новата адреса: www.bujinkan.org.mk (стануваше збор за технички проблеми).

Уживајте во вашиот престој, Гамбате Кудосаи!