Член на клубот?
| English |

Секако. Фуџита Сеико бил последниот Соке (поглавар-наследник) на Кога рју нинџутсу школата, кој инаку бил познаник на големиот нинџутсу учител Такаматсу Тошитсугу. Тој загинал во сообраќајна несреќа во 1962 година без при тоа да остави свој наследник на таа нинџа традиција. Денес многу луѓе се претставуваат како негови ученици и наследници, меѓутоа фактите го говорат спротивното-Кога рју нинџутсу школата умрела заедно со последниот соке-Фуџита Сеико.

Едноставно. За почеток е доволно да собереш барем четворица истомисленици и да организираш семинар во соработка со нашата организација Буџинкан Македонија. Потоа ќе ја имаш целосната подршка од нас во твојата понатамошна работа. Тоа значи бесплатни тренинзи во Хомбу Доџото, но и многу други бенефиции, се додека не ги исполниш основните стандарди односно не поседуваш миниум знаење за водење на своја секција во рамките на Буџинкан Македонија. Другиот начин е оној потешкиот, со редовно вежбање во Хомбу Доџото во Скопје, се додека не ја совладаш основата на Буџинкан Нинџутсу.

Би одговориле со сигурност дека освен соке Масааки Хатсуми не постои друг човек на планетава кој јавно ја подучува оригиналната вештина-нинџутсу. Тој е единствениот наследник на последните нинџутсу школи за кои поседува и оригинални документи, од кои, некои се стари и по неколку векови. Другите школи изумреле заедно со последните нинџа мајстори кои не сакале да ја продолжат својата традиција и понатаму. Така што, единствена легална нинџутсу организација е Буџинкан Доџо, како и организациите кои ги отвориле некогашните ученици на соке Масааки Хатсуми.

Никаква! На огромна жалост, поради таквите филмови кои беа популарни во осумдесетите години на минатиот век, се создаде една лоша и неточна слика дека нинџите биле платеници или волшебници. Тоа нема никаква врска со реалноста и е плод на фантазија на разните сценаристи и режисери кои сакале да ги наполнат благајните на кино салите. Поради тоа, поглаварот на Буџинкан Доџо, соке Масааки Хатсуми, меѓу 1982 и 2003 година одржал над стотина семинари (Таи Каи) во целиот свет со цел да ја раскаже вистината за нинџите и за нивните вештини.

Во Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето има посебна група за тренинг со деца на возраст од 7 до 14 години. Децата се нашето најголемо богатство и иднина на оваа земја и токму затоа сме навистина посветени на нивниот правилен психо-физички развој.

За жал, во моментов не е можно да ја вежбаш нашата вештина во Штип, од причина што во тој град се уште немаме отворено секција. Но, можеш да почнеш со тоа што би доаѓал два пати месечно во Хомбу Доџото во Скопје, каде што покрај редовните тренинзи, ќе ти одржиме и дополнителни лекции, преку кои подобро би се запознал со вештината. Ако си упорен и поседуваш талент, можеби ти ќе бидеш водач (Доџо Чо) на следната секција во Буџинкан Македонија.

Секако. Нинџутсу е создаден за самоодбрана и самоусовршување на поединецот без разлика на неговата возраст, пол или телесна градба. Во нашето доџо вежбаат неколку девојки кои се рамо до рамо со момците во однос на вештината. И ние се гордееме со нив.