Единствениот месец (август) кога доџо-то на Буџинкан Македонија престанува со работа, се користи за учество на нашиот Летен Нинџа Камп. Како и минатата година, така и оваа, настанот ќе се одржи од 04 до 12 август, при што подеднакво ќе уживаме и во тренинзите и во дружењето.
Иако беше предвидено учество на само 14 ученици, капацитетите ги зголемувавме два пати, од причина што интересот беше огромен, а местата беа пополнети за само две недели од објавувањето. Така, на крајот беше одлучено бројката да се стопира на 18 учесници. Ваквиот огромен интерес само покажува дека квалитетот и содржините на нашиот камп се на највисоко ниво.
Истовремено им се извинуваме на сите што моравме да ги одбиеме поради ограничените капацитети. Едноставно не сакаме да го намалиме нивото на овој прекрасен настан.
Доџо-то во Скопје продолжува со работа од 1 септември на исто место и во исто време. Ги известуваме сите заинтересирани за Буџинкан Нинџутсу дека тогаш ќе можат да се зачленат и да почнат со редовните тренинзи.
Со почетокот на новиот семестар, во центарот на Скопје отвораме уште едно доџо, за Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу, две класични јапонски самурајски школи. Со ова, ние стануваме единствени претставници и на организацијата Даито рју Аикибудо Даитокаи на територијата на цела Југоисточна Европа.
Ви посакуваме пријатен одмор.



Од осум пријавени
учесници на овогодинешното Преживување, седумина преживеава. Четворица од нив
беа ветерани, на кои ова им беше четврто Преживување, додека останатите тројца
беа „гуштери“. Еден од почетниците се откажа во текот на првиот ден, но сепак,
се здоби со едно големо искуство кое ќе му помогне следната година успешно да
се справи со кризите кои се јавуваат во текот на овој семинар.
По завршувањето на
тренингот уште еднаш се „фрливме“ на средување на просторот и изградба на
пристапни патеки кон јужниот дел од кампот. Откако успешно ја завршивме и таа
задача, повторно со силен марш се упативме кон местото „Стари Лозја“ каде што
го уредивме светиот крст посветен на „Свети Трипун“. Во 13.00 часот, вториот
ден, за прв пат беше дозволено да се седне на задник, со што започна
традиционалното „чмаење“, при што, повторно се одржаа неколку кратки
предавања (куден). Во 16.00 часот семинарот заврши.
под било какви услови и притисоци. Тие речиси и да не покажаа никаков замор во
текот на двата дена. Од почетниците, одлични резултати покажа Катерина Д., која
успеа да преживее при првото нејзино учество. Исто така им честитаме и на
Драган Н. и Горан М., кои за разлика од минатата година, оваа успешно го завршија
семинарот, со што докажаа дека упорноста секогаш се исплатува на крајот.
Традиционално, како и секоја година, така и оваа, дојде денот кога можеме да ги испробаме нашите способности и вештини на дело:
По повод 15 години од основањето на Школото за класични јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето / Буџинкан Македонија, вчера во просториите на доџо-то се одржа прослава на која присуствуваа сегашни, но и поранешни членови на нашата организација.
На 2 јули, 1995 година, со работа започна Школото за класични борбени вештини Буџинкан Македонија (Пат кон Сонцето). Тоа беше основано од страна на Игор Довезенски, човекот коj за прв пат во Македонија ги „донесе“ класичните јапонски самурајски и нинџа вештини. Од тогаш, па до денес, нашето доџо е единствен претставник на организацијата Буџинкан Доџо на соке Масааки Хатсуми.
Каков семинар, каков тренинг, каква атмосфера. Со еден збор одлично. Два дена, пет тренинзи, по два часа, вкупно 10 часа нурнување во чудесниот свет на Оно ха Итто рју Кенџутсу, во услови на наизменични промени на сонце и дожд, проследени со молњи и грмотевици.
Во неделата првиот тренинг се одржа веднаш по изгрејсонце. За тоа време во жарот на огинот се препелкаа млади компирчиња што послужија како вкусен доручек. 
Оно ха Итто рју се одликува со чисти, брзи, моќни и едноставни движења и токму тоа ја прави да биде толку ефикасна. Иако во Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија, првенствено се изучуваат деветте школи на Буџинкан Доџо, ние со задоволство одлучивме да ја изучуваме и оваа школа. Тоа се случи благодарение на учителот Антонино Черта, единствениот западен шихан на Даито рју Аикибудо, кој несебично прифати да го подучува инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски.
Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан
Македонија, на 19 и 20 јуни (2010), организира семинар во природа со наслов „Кенџутсу
под ѕвездите на Липац“.